Добра Македонија вечерва во “Кале“ во Скопје, каде се игра последниот меч од претквалификациите за СП 2027. И веднаш да кажеме дека на пауза се замина со наше водство од 45:32 против Унгарија. Вајли со 12 поени секако дека беше предводник на нашата репрезентација, одличен беше и Ташовски со 10 поени. Играме добро како во нападот, така и во одбраната. Борбено, храбро, одважно,така се игра за Македонија. Штета што и пред да започне вечерашниот ...
Македонската кошаркарска репрезентација во Скопје ја совлада Унгарија со 82-75, и не дозволи претквалификациите за СП 2027 да ги заврши без ниту една победа. Нема да играме во квалификациите, но овој млад тим покажа дека никогаш не се предава против посилни од себе и можеби во иднина ќе се вратат подобрите резултати. Финишот на првата и почетокот на втората четвртина беа периодот во кој македонската репрезентација направи голема серија од 13-0 ...
Македонија со победа против Унгарија со 82:75 ги заврши претквалификациите за пласман на СП 2027. Ова беше последен меч од претквалификациите за пласман на СП 2027. Македонија вечерва во “Кале“ во Скопје одигра навистина добро, храбро, и тоа како ја посакуваше победата. И тоа ослабени со неиграњето на повредениот Мекиќ. Можеме само да жалиме што ова не беше решавачки меч за пласман понатаму, но Македонија ги загуби сите шанси со тие порази на ...