Екипата на Брера проелтва одигра неколку мечеви со кои што може да се гордее. Како на пример оној вчера против Шкендија на гости каде што струмичани обезбедија бод во ремито 1:1. Тренерот Мартин Алаѓозовски секако дека е задоволен од развојот на настаните, и додава дека Брера може и да жали што не доби повеќе од вчерашниот дуел. „Како прво честитки за сите играчи за одработеното на терен, во текот на целиот натпревар одиграа дисциплинирано и ...

Кога ќе се одигра 1:1 кај актуелниот шампион, кој до тој меч имаше „пет од пет“ оваа пролет, кога ќе му се „украдат“ два златни бода во битката за титулата, а притоа твојот тим навистина ќе одигра квалитетно, тогаш нема дилеми дека стратегот на таа екипа е и тренер на колото. А тоа за 22.коло е Мартин Алаѓозовски, тренерот на Брера која завчера среде Тетово остана непоразена од силната Шкендија која до тој момент беше страв и трепет во ...