Секое лето, па и ова, во возилата на и така нередовниот јавен градски превоз се провлекува истиот проблем. Граѓаните веќе реагираат за нехуманите услови во автобусите на ЈСП, особено во оние на приватните превозници. Освен тоа што чекаат со часови на автобуските постојки, тие, на овие високи температури, кои, за жал, почнаа уште на самиот почеток на летото, се принудени да се возат во возила во кои не се вклучуваат климите. Граѓаните велат ...
Јавниот превоз не е само средство за патување од една до друга точка. тој е дел од функционирањето на еден град – дали младите ќе можат да останат подолго во центарот, дали постарите ќе имаат достапна услуга и дали граѓаните ќе имаат реална алтернатива за автомобилите. Автобус со клима во летните горештини, редовни линии доцна навечер и сигурност дека превозот ќе пристигне кога е потребен. Ова се најчестите барања на битолчани кои ги ...

