Првиот од двата проштални концерти на легендарната хрватска пејачка Тереза Кесовија беше исполнет со силни емоции, долги овации и безвременски хитови кои оставија неизбришливи спомени кај публиката во Дубровник. Амбиентот на Кнежевиот двор беше исполнет до последното место, а интересот за концертот беше огромен. Влезниците беа распродадени за само неколку минути, па бројни љубители на нејзината музика настапот го следеа на голем екран ...
Славната поп-пејачка, 88-годишната Тереза Кесовија, деновиве, во својот роден град Дубровник, пред многубројната публика (меѓу кои имаше и голем број македонски туристи), одржа два последни, проштални концерти, со кои најави збогување од музичката кариера долга повеќе од 60 години. Концертите беа исполнети со долги овации, ракоплескања, солзи, спомени, сеќавања… и, секако, со безвременските хитови со кои многу генерации израснаа или се ...

