Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за автокампови, поднесен од група пратеници, со скратена постапка, оди на натамошна постапка во Собранието. Предлог законот денеска беше на дневен ред на 64 седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Претресот по единствената точка на дневниот ред, беше затворен, откако никој од присутните не побара збор на седницата. ...
Остри тонови, обвинувања за лични навреди, долги процедурални, вака почна расправата на собраниската комисија за образование наука и спорт откако албанскиот опозициски блок реагираше на начинот на кој власта сака да го протне закон за високо образование дека како што тврдеа се носи со прекршување на деловникот, не објаснета потреба од итност на законското решение но и кратење на деловнички пропишаните рокови од 5 дена расправа во матичните ...

