„Фармацевтското дерби“ помеѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер им припадна на скопските Сино-бели со 30-28. Со оваа победа, прва над Е. Пелистер после две години, Алкалоид ги прескокна битолчани на суперлигашката табела и сега е трети. Заморот и емотивната истрошеност беа најголемите проблеми на гостите. Пред само два дена дома го совладаа бундеслигашот Гумерсбах, но овојпат немаа сили против мотивираниот тим предводен од тренерот Кирил Лазаров ...
Ракометарите на Алкалоид на домашен терен во го совладаа актуелниот вицешампион Еурофарм Пелистер со 30:28, во 11. коло од македонската ракометна Суперлига. Во дербито кое донесе голема тактичка битка, Кирил Лазаров излезе како победник во тренерското надмудрување со својот поранешен учител Лино Червар. Со овој триумф, Алкалоид освои два исклучително значајни бода, го прескокна битолскиот состав на табелата и се искачи на третата позиција. ...

