Заврши реконструкцијата на кракот од улицата која води од надолнината во Долна Бањица до црквата „Св. Петар и Павле“. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој денес беше на увид овој зафат значително ќе помогне во одвивањето на сообраќајот и движењето на граѓаните низ Долна Бањица. – Конечно заврши реконструкцијата на улица на која тоа и беше неопходно. Години наназад оваа улица беше во многу лоша состојба и со оштетен ...

Изминатиот период се работеше на целосна реконструкција на една од најоштетените улици во гостиварска Долна Бањица, со што условите за движење на возилата се подобрени. Зафатот денеска го промовираше градоначалникот Ваљбон Лимани. „Се работи за реконструкција на улицата во Долна Бањица, на место наречено „кај чешмичето“. Навистина имаше потреба од реконструкција, со години оваа улица беше во многу лоша состојба. Се надевам дека овој зафат ќе ...