Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ денеска (30 јули) ќе има концерт во Сули ан од 20:30 часот и со тоа свечено ќе биде затворено 46. издание на Скопско лето. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се „Четири годишни времиња“ од Вивалди и „Четири годишни времиња“ од Пјацола. Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на ...
Во понеделник, на 14 јули, со почеток во 20.30 минути, во рамките на манифестацијата Скопско Лето во Македонска филхармонија ќе се одржи гала-концерт на Вејчеслав Поповски, музичар, оперски пејач и градител на виолини. Роден во Скопје во 2000 година, Вејчеслав Поповски е редок спој на уметничка прецизност и автентична инспирација. Потекнува од музичко семејство и уште од 4-годишна возраст започнува да свири инструменти, а подоцна го усовршува и ...