На 10.09.2025 во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека 53-годишно лице од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од ...

Вчера во 01:00 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово, информираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во ...