Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важно соопштение за сите навивачи кои купиле билети (ваучери) за квалификацискиот натпревар против Белгија, што ќе се одигра на 10 октомври во Гент. Препорачано Од ФФМ потсетуваат дека билетите мора да се активираат преку линк испратен по е-пошта од Белгиската фудбалска федерација (RBFA), бидејќи без активација нема да биде дозволен влез на стадионот. „Драги навивачи на македонската ...

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Белгија каде денеска ќе ги има последните подготовки пред можеби клучниот меч од квалификациите за пласман Светското првенство 2026 со домаќинот, што ќе се одигра утре вечер. Во репрезентацијата владее добра атмосфера, а играчите се свесни за предизвикот и шансата која е пред нив. Белгија е фаворит, но Македонија не се предава од напред. Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање. ...

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, доби ќерка Аја пред мечот со Белгија во квалификациите за Светското првенство. Неговата сопруга се породи во Турција, а неговиот клуб Коњаспор му честиташе за приновата. Барди беше денеска на тренингот на Македонија, пред утрешното заминување на играчите во Гент, каде што во петок ќе се одигра мечот со Белгија. Futbolcumuz Enis Bardhi ve değerli eşi Festina’nın Aya adını verdikleri kız ...

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Белгија во првиот квалификациски натпревар во октомвриските термини, а на трибините во Гент ќе има и македонски фанови. ФФМ во соработка со белгиската федерација продаде одредена бројка на билети за гостинските фанови, а денеска стана јасно дека нашите навивачи ќе имаат и организирана фан зона во Гент. Фудбалската федерација на Македонија денеска ја објави локацијата на која ќе се собираат ...