Црногорскиот репрезентативен голман, Небојша Симиќ (33), е главна тема во европските ракометни кругови по неговиот спектакуларен настап на завршниот турнир во Европската лига. Искусниот чувар на мрежата со серија феноменални одбрани речиси сам го водеше својот Мелсунген до престижниот пехар. Тој во разговор откри дека му е криво што никогаш не заиграл за двократниот европски шампион Вардар. „Двапати имав понуда да дојдам во Вардар. Првиот пат ...
Небојша Симиќ со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, ас кој скоро една деценија е во Мелсунген, тим на кој пред некое време со супер изданија му донесе историски европски трофеј и тоа оној во Лига Европа (Европската лига на ЕХФ). Црногорецот е познат по својата енергија, емоција која не ја крие на теренот и кога е во ритам тогаш противниците се навистина во проблеми. Тој во минатото беше поврзуван со Вардар, ама никогаш не ...

