Екипата на Вардар игра меч за шампионска титула против Струга, а победа или реми во градот крај езерото ќе ги вратат црвено-црните на тронот. И по само пет минути игра, вардарци го дадоа посакуваниот гол. По една лоша комуникација на одбраната и голманот Ангелети на Струга, топката ја украде Стефан Цветковиќ и погоди за предност од 0-1. Стефан Цветковиќ е еден од најдобрите играчи на Вардар оваа пролет. Екипата на Вардар игра меч за ...

Најтрофејниот македонски клуб Вардар освои уште една шампионска ѕвездичка, откако со триумфот над Струга Трим Лум со 0-1, има недостижна предност од шест бода пред конкурентот Шкендија, во пресрет на последното коло и меѓусебната пресметка. Немаше голема неизвесност во Струга, затоа што Вардар поведе уште во петтата минута, со голот на Стефан Цветковиќ. Гостите имаа уште неколку шанси кои останаа нереализирани, а најважни беа трите бода со ...