Скопје попладнево го зафати невреме со силен ветер, а според Пожарната бригада, најголем проблем настана со пожарите. Оттаму рекоа дека попладнево имаат премногу интервенции и замолија да се јавиме подоцна. Но, ветрот направи проблем и со дрвјата во населбите Карпош, Капиштец и други. Лимен покрив падна на булевар Партизански одреди, спроти бензинската „Окта“, а дрво во Капиштец. Има пожари кај хотелот „Александар Палас“, во Нерези на Водно и на ...

Вчера попладне силно невреме го погоди Скопје. На бројот за итни повици 112 пристигнаа 51 пријава – најмногу за паднати и навалени дрва (најмалку 31 случаи), оштетени или паднати кабли и столбови (најмалку 8 пријави за кабли и 7 за бандери, дел со искрење), како и материјална штета врз возила и кровни конструкции. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за нормализирање на состојбата. Локации на пријави ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека состојбата внимателно се следи, а сите релевантни служби се на терен и постојано координираат активности за справување со последиците. Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби ги координира акциите и навремено ги информира надлежните институции. Според првичните информации, нема евидентирани повредени лица. Надлежните апелираат до граѓаните кои имаат претрпено ...