Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Од таму посочуваат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 16 до 20 февруари 2026 година зел 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 43 мерни места во градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања ...
Центарот за јавно здравје од Охрид им дозволи на жителите на Струга да ја користат водата од градскиот водовод за техничка употреба, додека за пиење и понатаму е забранета. Според нивните анализи матноста на речиси на сите локации се спуштила на околу 1,70 единици. Во меѓувреме Обвинителството води истрага и поради основани сомненија за „Незаконита експлоатација на минерални суровини” и „Загадување на водата за пиење”, доставило предлог со ...

