Во фокусот на вниманието на скопјани деновиве е Вардариште откако во неделата се запали (повторно и повторно), па поголемиот дел од Аеродром остана без струја. Чадот, лошата миризба, смрдеата се гратис. Но, ретко кој од тие што се гневни на децениски нерешениот проблем со поранешната депонија Вардариште, која одвреме-навреме или сѐ почесто ги труе скопјани, биле на Вардариште, да видат одблизу како изгледа. Утринава, четири дена по пожарот, што ...
И денес видлив чад се издигаше од Вардариште и покрај најавените 24 часовни контроли – жителите кои живеат во близина на депонијата велат дека денот повторно започнал со загушлива смрдеа. Зелените граѓански организации споделуваат фотографии од своите активисти, кои во недостиг на институционален одговор на еколошката криза, велат дека сами одат во патрола на Вардариште во потрага по потпалувачи на кабли. За разлика од активистите и локалните ...
Утрово повторно гори на депонијата Вардариште, а жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче се во густи облаци чад и неподнослива миризба. Состојбата е алармантна – воздухот е загаден, а граѓаните велат дека не можат ниту прозорец да отворат. Од утринските часови има бројни реакции на социјалните медиуми за силна и непријатна миризба што се шири низ домовите, а дел од граѓаните се жалат и на отежнато дишење, особено повозрасни лица и ...