Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 слави голем јубилеј – 65 години постоење! Во пресрет на празничниот натпревар против Алкалоид, клубот реши да нè врати кон самите почетоци и да им оддаде почит на луѓето кои ги испишаа првите страници од „црвено-црната“ историја. Преку едно навистина емотивно видео, Вардар нè потсетува на првата генерација ракометари кои во тешки времиња, со скромни средства, но со огромно срце го градеа името кое ...

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Алкалоид со 30-27, и на најдобар можен начин ја одбележаа прославата на 65-от роденден на клубот. Избраниците на Иван Чупиќ имаа контрола над резултатот во најголемиот тек од натпреварот и заслужено стигнаа до победа. Првиот дел Црвено-црните го заокружија со предност од три гола (17-14) која ја одржуваа и во второто полувреме, сѐ до крајот на дуелот. Во пресрет на натпреварот, имаше и организирана ...