Изгласан е Законот за привремено и сезонско ангажирање лица, а за негова ефикасна примена, треба да се изготви софтверска платформа, односно дигитален регистар преку кој ќе се спојуваат работодавецот, работникот и институциите. Законот им овозможува на работодавците да ги пријават ангажираните работници за привремена или сезонска работа, за својот ангажман работниците ќе добиваат пензиски и здравствени придонеси, а државата ќе си ги наплати ...
Новиот законот за привремено и сезонско ангажирање на лица, односно пензионери и лица помлади од 18 години, според пензионерите е добар, но не поради тоа што им се овозможува да работат, туку поради ниските пензии кои ги имаат. Велат, доколку имале пристојни пензии, немало потреба да работат дополнително.. „Да се согласувам, добра е идејата и добар е законот, поради тоа што пензиите се мали па тоа ќе биде дополнително на буџетот и покрај тоа ...