Влазерими со победа од 3:0 над Преспа ја задржа предноста од пет бода на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари го совлада Крошу Спорт со 7:1, Света Троица славеше кај Чардак Велгошти, а Демир Хисар и Караорман одиграа 4:4. На шесте натпревари од 11. коло беа постигнати 28 гола. Влазерими – Преспа 3:0 Нарт Усеини го отвори резултатот во 26. минута, а Албулен Имери во 30. зголеми на 2:0. Усеини со својот втор погодок во 50. минута ја ...

Фудбалерите на Света Троица 2021 забележаа значајна победа од 2:1 против Чардак од Велгошти во охридското дерби од 11. коло на Третата македонска фудбалска лига, Регион 5. Света Троица 2021 одлично го отвори натпреварот и поведе уште во 3. минута со погодокот на Угриноски. Предноста беше зголемена со голот на Боге Бимбилоски за водство од 2:0. Чардак во второто полувреме се врати во игра, откако Гиновски во 52. минута намали на 2:1. Сепак, ...