Четирите екипи кои викендов беа дел од финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026, ќе ги гледаме и во завршницата од првенството, односно во „трката“ за шампионската титула во сезоната 2025/2026. Куп освојувачот, Штип УГД и Работнички 71&22, односно ГОК Борец и актуелниот шампион Струмица 47&72 ќе се соочат во полуфиналето на првенствениот плејоф во Првата лига мажи, чие разигрување беше комплетирано на почетокот на оваа недела. ...
Работнички го доби првиот сет со 25-22, но потоа следеше одлична серија на Штип УГД кој ги доби наредните три сетови со 25-10, 25-14 и 25-12. Борец Велес тргна лошо и го загуби првиот сет од Струмица со 21-25, но потоа славеше со 25-16, 25-19 и 25-20. Реваншите од полуфиналната серија меѓу тимовите во машка конкуренција се играат в сабота. Претходно во четвртфиналето во женска конкуренција, Младост УГД славеше со 3-0 во сетови, односно 25-19, ...

