Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта („Македонија пат“) и со Општина Куманово, ги заврши градежните работи на рехабилитацијата на дел од регионалниот пат Р1104 транзит Куманово (улица „Никола Тесла“). Саниран е коловоз во должина од 1,4 километри, со променлива ширина од 6,5 до 9 метри, односно станува збор за површина од околу 10.000 квадратни метри. ...