На вчерашниот прв контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица, еден од столбовите во играта на нашиот национален тим, Александар Љафтов заработил повреда. Според информациите од нашиот табор, во завршницата на третиот сет при еден доскок, Љафтов нагазил на ногата на еден од домашните одбојкари, кој под мрежата бил непрописно влезен во нашето поле. Настрада скочниот зглоб на Љафтов, кој денеска треба да направи дополнителни ...

Ракометарите на Флензбург издвојуваа победа над Монплеје од 32:30 во битката за третото место на завршниот турнир во Европската лига што се игра во Хамбург. Првото полувреме беше изедначено и заврши со резултат 16:16, додека во вториот дел бундеслигашот беше за нијанса подобар и со 16:14 дојде до победа и бронза во второто по ранг натпреварување во Европа. Питлик и Јакобсен дадоа по седум гола, додека ја поразените Срна ја предводеше листата ...

Сериозноста на повредата на еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е потврдена. Според последните информации тој има дисторзија и скинати лигаменти на скочниот зглоб, повреда која бара долга рехабилитација. Тоа практично значи дека селекторот на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски, останува без еден од клучните одбојкари за претстојното издание на Европската лига, кое годинава има и квалификациски карактер за пласман ...