Бројот на заболени од загадената вода во Гостивар значително се намалува, а институциите се насочени кон целосно надминување на кризата и нормализирање на водоснабдувањето. Ова го изјави градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, оценувајќи дека преземените мерки веќе даваат резултати. Според Лимани, во текот на изминатата недела навремено биле преземени сите неопходни мерки, по што состојбата почнала постепено да се стабилизира. „Бројот на ...

Во период кога во Гостивар сè уште е во сила забраната за употреба на водата од градскиот водовод за пиење и како техничка, градот се соочува со последиците од епидемијата поради која е прогласена епидемија и кризна состојба, се одржа вонреден координативен состанок на Полошкиот плански регион и претставници на надлежните институции. Според информациите соопштени по средбата, била разгледана актуелната состојба на терен, снабдувањето со вода ...

Сегашната здравствена криза во Гостивар не е првиот случај на масовно заболување од гастроентеритис во градот, но според бројот на граѓани кои побараа медицинска помош, е меѓу најголемите досега. Официјалните податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во 2017 година во Гостивар била регистрирана епидемија на акутен гастроентеритис, во која заболеле 777 лица од градот и околните села. Епидемијата била пријавена на 31 октомври 2017 ...

По кризата со водата и епидемијата во Гостивар, во јавноста излегоа предупредувања, но и извештаи дека водата е загадена и низ други градови во Македонија. Неколку денови откако букна скандалот во Гостивар, прво беше најден арсен во водата во Валандово, фекални бактерии во водата во болницата во Лешок, водата во Крушево беше посочена како неисправна, а се изнесоа сомнежи за водата во Велес. „Комунален сервис“ Валандово предупреди водата да ...