Според податоците од ветеринарните здруженија и граѓанските организации, бројот на улични кучиња на национално ниво изнесува над 11.000 кучиња. Најголем дел од уличните кучиња се, всушност, напуштени миленици. Постојат многу предлози и програми како да се намали бројот на кучиња скитници по улиците. Меѓутоа, она што треба да се потенцира е дека исклучиво почитувањето на Законот за идентификација и регистрација на домашните миленици, ...
Изминативе неколку дена повторно уличните кучиња се најактуелната тема на социјалните мрежи, но и на скопските улици. Постојано се појавуваат „нови“ глутници на различни локации, кучињата се агресивни и одат во групи по десетина, лаат по автомобили и ги опколуваат, а најсвеж случај е оној од вчеравечер, кога во Козле беше пријавено дека е заловен волк, кој бил припитомен и чуван на синџир, како миленик. Жителите на Кисела Вода утринава ...

