И официјално, Илчо Ѓорѓиоски повеќе не е тренер на екипата на Струга Трим Лум. Она што Спортспорт еклклузивно го најави, сега доби потврда од страна на клубот. По поразот од Вардар во финалето на купот, како и необезбедувањето на излез во Европа летово, клубот одлучи да му се заблагодари на искусниот стратег. Сега следува веројатно детална анализа што и како понатаму кај сега веќе екс шампионот, скенирање на актуелниот играчки када, негова ...

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум и тренерот Илчо Ѓорѓиоски се договорија за прекин на соработката по завршувањето на сезоната 2024/25. По взаемни разговори и размислувања околу идната насока на клубот, двете страни се согласија дека моментот е соодветен за промена. „Ѓорѓиоски беше тој што ја понуди својата оставка, а истата беше прифатена од раководството на Струга Трим Лум, кое му се заблагодарува на стратегот од Скопје за неговиот ...

Екипата на Струга Трим Лум не успеа да ја повтори минатата успешна сезона. Откако не успеа да ја одбрани шампионската титула во ПМФЛ, го загуби и финалето во Купот на Македонија од Вардар, па така остана без европски натпревари ова лето. Цехот за неуспешната сезона ја плати тренерот Илчо Ѓорѓиоски, кој повеќе не е тренер на струшкиот тим. „Клубот и тренерот Илчо Ѓорѓиоски донесоа заедничка одлука да се разделат по завршување на сезоната. По ...