Меган Маркл, без придружба на сопругот, принцот Хари, ненадејно се појави во Тексас каде беше извршен масакр во основно училиште за да им оддаде почит на трагично загинатите. Се чини дека пукањето во основното училиште во Тексас, во кое загинаа 19 деца и неколку возрасни, тешко ја погодило војвотката, која ненајавено се појави во близина на местото на масакрот. Таа пристигнала на место каде властите подигнаа крстови во чест на секое убиено дете ...
САД– Меган Маркл, војвотката од Сасекс, во четвртокот попладне го посети споменикот за жртвите од пукањето во училиштето во Увалде, Тексас. Во придружба на телохранител и облечена во безбол капа, бела маица и фармерки, таа погледна надолу кон крстовите оставени за спомен на 19-те деца и двајцата учители кои загинаа во нападот. Игнорирајќи ги повиците на новинарите, таа стави бели ружи врзани со виолетова лента на крстот за 10-годишната Узија ...