Унгарските пари за општинските проекти се скратени за 100 милиони евра. Државата пред локалните избори им даде финансиска инјекција, а сега ги крати, бидејќи не можат да ги искористат. Истражувањето на Центарот за граѓански организации уште покажува дека наместо првично најавените 250 милиони евра, сега се скратени на 149 милиони за да се користат до 2027 година. Според истражувањето, Владата им пуштила пари на општините во предизборна година ...

Година и пол пред локалните избори, Владата одобри 112 милиони евра за општински инфраструктурни проекти, со што драматично ги зголеми локалните буџети и капиталните расходи. Парите се делеа во две транши, втората – неколку месеци пред изборите, додека по нив следуваше тивки, но драстични кратења. Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува нерамномерна распределба, слаб развоен ефект и сериозни сомнежи дека јавните средства биле ...