Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја. Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39.8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63.6 %, а 7 385 лица или 36.4 ...

Во Македонија умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат - катастрофална статистика и демографска тревога. Земјава станува држава на пензионери, а негативниот природен прираст продолжува во континуитет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Бројот на починати лица во текот на минатата 2025 година е за дури 4.437 поголем од бројот на живородени деца. Негативен природен прираст е регистриран и во градовите и во селата. ...