Фудбалската федерација на Македонија денес попладне ќе ги пушти во продажба билетите за првиот јунски натпревар против Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски на прес-конференцијата на Благоја Милевски по повод објавувањето на списокот фудбалери за претстојните натпревари сподели информации за продажбата на билетите. По цена од 300 и 500 денари ќе се продаваат картите за дуелот против ...
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациските натпревари против Белгија и против Казахстан. Играчот од средниот ред, Тихомир Костадинов вели дека Белгија е силна селекција, но дека можеме да се спротивставиме на домашен терен, со поддршка од публиката. „Крај е на сезоната, но кога е репрезентацијата во прашање, замор не се чувствува. Се подготвуваме за дуелот со Белгија и верувам дека ќе бидеме максимално фокусирани ...
Започна продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари. Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/). Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: 1. Посетете ја ...