– „Сигурно ќе одам на моето омилено место на Водно. Имам многу лични и специјални спомени па да се вратам на некои години кога таму бев исполнет и среќен!“ После шест години Здравко Чолиќ повторно ќе има концерти во Скопје. Велиме концерти бидејќи приватно често наминува да се сретне со пријателите со кои е врзан и со кои е во контакт неколку децении…Во редовите подолу, се надеваме, ќе ви откриеме нови нешта (професионално, музички и карактерно) ...
Јованка Грозданоска од Скопје е еден од најголемите фанови на Здравко Чолиќ. За претстојните концерти на балканската поп-ѕвезда во Скопје на 2, 3 и 4 јуни во салата „Борис Трајковски“, таа има купено од најскапите билети во првиот ред, за сите три концерти. „Добивам билети за сите концерти на Здравко, но овојпат сакав да бидам сигурна дека ќе бидам во првиот ред, зашто ќе пее со симфониски оркестар, а салата ќе биде прилагодена за седење. Затоа ...
Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“ ќе можете да го погледнете ексклузивното интервју со најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ. Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа во Скопје и тоа за првпат со симфониски оркестар и тоа на три концерти на 2, 3 и 4 јуни во Арената „Борис Трајковски“. По тој повод со него разговаравме за неговата посебна поврзаност со Македонија, за љубовта кон музиката и животот како една ...