САД ја повлекуваат лиценцата што дозволуваше продажба на иранска нафта, изјави во вторник американски функционер, нагласувајќи дека дејствијата на Иран во Ормутскиот теснец се „целосно неприфатливи“ и дека ќе се соочи со последици по нападите врз танкери во стратешкиот воден пат. Овој потег доаѓа откако три танкери беа погодени од ракети во последните денови, соопшти британската поморска агенција UKMTO. Иран сè уште не ја коментираше веста и ...

Министерството за финансии на САД ја поништи општата лиценца со која се овластуваше продажбата на иранска нафта, соопшти Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC). – Од 7 јули 2026 година, Општата лиценца X, со датум 21 јуни 2026 година, е поништена и целосно заменета со Општата лиценца X1, се вели во соопштението. Соединетите Американски Држави претходно делумно ги укинаа санкциите за извоз на иранска нафта по „охрабрувачките“ ...

Кина ги укина ограничувањата за извоз на гориво до крајот на јули, дозволувајќи им на приватните рафинерии да снабдуваат странски клиенти по четиримесечна суспензија, соопштија извори од индустријата, јави Ројтерс. Пекинг го ограничи извозот на гориво во март, забранувајќи им на приватните рафинерии да продаваат во странство за да обезбедат снабдување на својот домашен пазар поради прекини во снабдувањето со нафта од регионот на Персискиот ...