Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција изјави дека била формирана меѓуресорка група по дојавите за бомби во повеќе основни и средни училишта низ државата за поефикасно справување со ситуацијата. „Утрово одржавме состанок со МВР и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на Министерството за информатичко општество и дигитална трансформација и ФИНКИ. По направените ...
Општина Гостивар излезе со соопштение во врска со дојавите за бомби кои стигнаа во училиштата утрово. Од локалната самоуправа нагласија дека училиштата се безбедни и навреме биле преземени сите мерки. „Денеска по предупредувањата за експлозивни направи во училиштата во Гостивар, според сите протоколи, сите ученици и вработени во училиштата беа навреме евакуирани, додека училиштата беа затворени и обезбедени од Министерството за внатрешни работи. ...