Страотна несреќа: Се судрија мотоцикл и трактор Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница ...
Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид. ...