Едуардо Камавинга направи огромна глупост и „поцрвене“ во финишот на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид. Францускиот репрезентативец направи прекршок врз Хари Кејн, а потоа ја зеде топката в раце и тргна да се враќа на позиција. Тоа за судијата Славко Винчиќ без сомнеж беше за опомена и веднаш го извади жолтиот картон. Словенечкиот арбитар се сврте за да замине од местото, а потоа како да се сети ...
Реал Мадрид втора година по ред ќе остане без освоен трофеј и вечерва го загуби натпреварот на сезоната, но во тензичниот финиш во Минхен, имаше и една крајно контроверзна одлука. Славко Винчиќ реши да го исклучи Едуардо Камавинга во 86-та минута поради задржување на топката, меѓутоа токму тој момент се покажа како пресуден во завршните минути во кои Баерн нападна со сите сили. На домаќините им требаше малку време да постигнат два гола и да ...
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, го коментира исклучувањето на Едуардо Камавинга во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (4:3). Токму тој беше фаулиран во 86-тата минута, по што Французинот го доби вториот жолт картон. „Мислам дека прекршокот дефинитивно беше за картон. Ако се земат предвид двата натпревари, мислам дека заслуживме да победиме. Според мене, голот на Реал Мадрид не требаше да биде признаен ...
Најголем дел од играчите на Реал Мадрид ја избегнаа микс-зоната во Минхен и одбија да даваат изјави по болниот пораз од Баерн во четвртфиналето, но сосема оправдано, најочекувана беше реакцијата на човекот кој прерасна во трагичар. Едуардо Камавинга доби шанса во вториот дел со цел да донесе свежина и цврстина во средниот ред на Реал, но наместо тоа, Французинот заработи два брзи жолти картони и го остави тимот на цедило. Иако Славко Винчиќ ...

