Навистина газдата на ФЦСБ или Стеауа како да нема срам. Место да честита на Шкендија, тој и натаму изјавува небулози. Имено веднаш по поразот среде Букурешт, тој не знае што изјавува. “Не можам да сфатам како загубивме. Место да победиме со 3-4-5:0 ние губиме. Не можам да сфатам како тоа моите играчи играа против еден тим од дивизијата Ц. Срамно однесување на моите играчи“ изјави покрај другото контроверзниот газда на романскиот шампион. ...
Шкендија со две победи го елиминира романскиот шампион, ФЦСБ, а сопственикот на клубот, Џиџи Бекали, иако најави дека 4-5 месеци нема да коментира ништо за фудбал, сепак не издржа. „Срамота! Голема срамота! Да те победи двапати во европските купови екипа од дивизијата Ц. Да те победат еднаш – тоа е случајност, ама двапати? Ова е најголемиот срам досега во романскиот фудбал. Немало вакво нешто. Караганди? Овие се од дивизијата Ц. Нѐ победи екипа ...