Шарл де Кетеларе беше едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство со своите одлични настапи за Белгија, а Аталанта веќе ја одреди цената за офанзивецот, кој е на радарот на неколку европски великани. Белгискиот репрезентативец постигна три гола и една асистенција на пет натпревари на Мундијалот во Северна Америка, каде што Белгија стигна до четвртфиналето. Тој беше и единствениот фудбалер што успеа да постигне гол против ...
Аталанта е една од италијанските екипи која знаело добро да се постави и одлично да заработи од продажба на играчи на трансфер пазарот. Клубот од Бергамо и ова лето веќе направи една сериозна зделка со трансферот на Марко Палестра во Челси, а во последен момент пропадна операцијата за Едерсон и неговата преселба во Манчестер Јунајтед. Калчолигашот има и други фудбалери кои се интересни за останатите тимови, еден од нив е Шарл Де Кетеларе, ...

