Ветеранот Алексис Санчез се приклучува на Севиља како слободен играч од Удинезе . Напаѓачот, кој ќе наполни 37 години за три месеци, веќе пристигна во шпанскиот клуб. Неговиот договор ќе важи само до следното лето. Деновиве Санчез го раскина договорот со Удинезе, за кои играше последните две сезони. Минатата сезона одигра само 14 натпревари, поради тешка повреда. Откако последен пат играше во Ла Лига за Барселона во 2014 година, Чилеанецот ...
Севиља, 1 септември 2025 (МИА) – Напаѓачот на Удинезе, Алексис Санчез, ќе ја смени клупската средина и ќе му се приклучи на шпанскиот прволигаш Севиља, објави денеска весникот АС. Триесетишестгодишниот Чилеанец ќе потпише едногодишен договор со андалузискиот тим, откако денеска ќе ги мине задолжителните медицински прегледи. Санчез го напушта својот досегашен клуб Удинезе без обесштетување. Санчез одигра 13 натпревари во Серија А во сезоната ...