Баерн Минхен славеше убедливо со 1-6 над Аталанта, но триумфот во Бергамо беше скапо платен ако се знае дека тројца првотимци заработија повреди и сега ќе мора да минат извесен период надвор од терените. Алфонсо Дејвис конечно се врати по повредата, но канадскиот лев бек дефинитивно нема среќа сезонава, го повреди мускулот на десната нога и ќе мора да паузира најмалку три седмици. Голманот Јонас Урбиг бранеше одлично, но пред самиот крај се ...
Баерн Минхен го очекува дерби со Баер Леверкузен, меч на кој тренерот Венсан Компани нема да може да смета на повеќе играчи. Баварците ја прегазија Аталанта со 6-1 во осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓутоа овој натпревар донесе и проблеми затоа што тројца играчи завршија со повреди, Алфонсо Дејвис, Џамал Мусиала и голманот Јонас Урбиг. -Можеше да биде и полошо. Ова не се долгорочни повреди; само е фрустрирачко за момците бидејќи би ...

