Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години денеска во Струмица ги започнува квалификациите за Европското првенство. На стадионот „Младост“ избраниците на Влатко Колев денеска ќе го имаат првиот голем предизвик на дуелот со селекцијата на Унгарија. „За нас е најбитно да изградиме еден конкурентен тим за да дојдеме до мало изненадување во една група во која има две исклучително силни репрезентации како Унгарија и Чешка. ...

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше (2-2) против Унгарија во првиот натпревар од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство. На дуелот во Струмица, каде Македонија е домаќин на квалификациската група 2, избраниците на Влатко Колев одиграа квалитетен натпревар максимално одговарајќи на предизвикот против фаворитот. Унгарците први поведоа со голот на Полонкаи во 23. минута од средбата. Но, во 44. ...