Валенсија и Селта одиграа без голови на „Местаља“ во натпреварот од второто коло во шпанската Ла Лига. Средбата не понуди премногу возбудувања, а двете екипи тешко создаваа сериозни шанси пред противничкиот гол. Со оглед на прикажаното, и Валенсија и Селта можат да бидат задоволни што сезоната ја започнаа со освоен бод. Од друга страна, и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да биде задоволен затоа што ја сочува својата ...
Валенсија и Селта Виго одиграа без голови (0-0) на „Местаља“ во натпреварот од второто коло на Примера, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше меѓу најзабележителните домашни фудбалери. Димитриевски го започна натпреварот од првата минута и успеа да ја сочува мрежата недопрена во текот на сите 90 минути. Македонскиот репрезентативец во 39. минута доби жолт картон, но тоа не влијаеше на неговата концентрација до крајот на средбата. ...
Валенсија со реми ја отвори новата сезона во шпанската Ла Лига, откако на домашен терен одигра 0-0 против Селта. Натпреварот не понуди премногу возбудувања, што и не изненадува ако се земе предвид дека двете екипи сè уште не се во најдобра форма. Вкупно беа упатени само пет удари во рамките на двата гола, но ниту еден не заврши во мрежата. Селта беше нешто поопасна и создаде три сериозни можности, но гостите не успеаја да го совладаат ...

