Актуелниот ПМФЛ шампион, екипата на Вардар, периодов ќе се обиде да го засили што е можно повеќе составот, за да биде што поконкурентен во квалификациите за Лигата на Шампионите, и секако новата сезона. Па така, нов договор добива еден од капитените, искусниот Горан Закариќ кој што пролетва и тоа како допринесе за освојување на титулата, постигнувајќи неколку клучни голови. Закариќ пристигна во периодот кога Вардар се мачеше резултатски, и ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со четворица играчи кои остануваат верни на македонскиот шампион. Горан Закариќ, Методија Велковски, Ненад Мишковски и Филип Дурански потпишаа нови договори со скопските „црвено-црни“ со важност до 30 јуни 2027 година. Според најавите нов играч на Вардар од следната сезона ќе биде Португалецот Мигел Пиреш од редовите на ФК Силекс. Пиреш е најдобар стрелец ...

