Пред триесет години, точно на денешен ден, Британецот Џонатан Едвардс скокна 18,29 метри во трискок, и испиша историја која до денеска никој не успеа да ја надмине. Тој го постави еден од најдолговечните светски рекорди, кој се уште им пркоси и на новата технологија, новите патики и дополнителна модерна подготовка на атлетичарите кои се обидуваат да го симнат од вечната листа на атлетски рекордери. „Неверојатно е, сè уште морам да се штипкам“, ...
Точно пред 30 години, на 7 август 1995 година, на Светското првенство на стадионот „Улеви“ во Гетеборг беше поставен светски рекорд во трискок за мажи, а тој рекорд уште е во сопственост на Џонатан Едвардс. „Кога ќе помислите на целиот тој напредок во спортската наука, нутриционизмот, методите за тренинг и слично, ако сум искрен, ќе кажам дека не е добар сигнал за атлетиката што еден рекорд трае дури 30 години“, вели харизматиниот Британец. ...