Земјоделци од целиот Струмички Регион денеска претпладне се собраа на нов протест во центарот на Струмица. Со своите трактори и земјоделска механизација го блокираа подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи повисока откупна цена на црвената пиперка – ајварка, која сега чини 25 денари за килограм. Иако министерот за земјоделие Борче Серафимовски по неколку одржани состаноци со фабриките ...
Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го искажат незадоволството од откупните цени кои не ги покриваат ни производствените трошоци. ...
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го блокираа центарот на Струмица, барајќи повисоки откупни цени за црвената пиперка. Тие се револтирани од, како што велат, игнорантскиот однос на Министерството за земјоделство и откупувачите. Во моментов екстра класата наменета за извоз се откупува по 40 денари за килограм, додека за преработка цената е 25 денари. Земјоделците велат дека со овие цени не можат да ги покријат трошоците за ...

