Фудбалерите на македонскиот фудбалски шампион Шкендија стигнаа во Баку каде во вторник ќе му гостуваат на Карабах во реванш натпреварот од двомечот од 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Иако во првиот меч одигран во Скопје, шампионот на Азербејџан славеше со минимални 0-1, избраниците на Јетон Беќири и тоа како имаат шанси да го изненадат фаворитот. Второто полувреме од првиот натпревар треба да биде мотив за уште од првата ...
Одличен почеток на Шкендија во Баку, но потоа се случи нешто неочекувано, нешто непредвидено. На полувремето е 4-1 во Баку за домашниот тим. Нереално, но откако го примија голот Карабах како да се рестартираше, како да додаде гас. И не само што постигна четири гола, туку имаше шанси за 6-7, и вистинска среќа е што македонскиот првак има само негатива од три гола разлика. А, Тамба во таа 10. минута ја донесе Шкендија во водство. Убава топка доби ...
Шкендија утревечер ќе се обиде да напише новo поглавје во својата европска приказна, со дуелот против азербејџанскиот шампион Карабах во реваншот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. По тесниот пораз од 0-1 во првиот меч, македонскиот првак има голема задача, да ја надомести негатива и да се избори за пласман во следната фаза на натпреварувањето. На прес-конференцијата, тренерот Јетон Беќири нагласи дека тимот нема што да ...