Привремениот менаџер на Тотенхем, Игор Тудор, вели дека неговите играчи мора да се обидат да ја свртат тешката ситуација во Премиерлигата. Тудор има четири последователни порази во катастрофалниот почеток откако го наследи Томас Франк на 14 февруари. Само еден бод го дели Тотенхем од опасната зона. „Не е лесна ситуација, не е лесен момент. Голем предизвик е да се променат работите. Како и со сè во животот, можете да изберете како да ја ...

Тотенхем има тешко гостување кај Ливерпул во моментите кога не може да излезе од резултатската криза и си ги зголемува шансите да остане без место во Премиер лигата првпат по 1977 година. Игор Тудор засега не успева да ги донесе посакуваните бодови и Тотенхем е на бод до опасната зона, а за претстојниот натпревар не може да смета на дури 13 фудбалери, меѓу кои повредените Палиња и Ромеро, односно суспендираниот Ван де Вен. – Ова не е лесна ...

Игор Тудор предупреди дека доаѓањето на нов менаџер во Тотенхем нема преку ноќ да ги реши проблемите со кои се соочува клубот. Притисокот врз него се зголеми по поразот од 5:2 од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а клубот претрпе четири последователни порази во првиот мандат под негово водство, како и шест последователни порази во сите натпреварувања, што е клупски рекорд. Спарс, кои паднаа на 16-то место во Премиер лигата, сега се ...

Игор Тудор имаше жестока конфронтација со новинарот на „Скај Спортс“, Патрик Дејвисон, во напнато интервју по вчерашниот натпревар на Тотенхем против Ливерпул. Тотенхем дојде до првиот свој бод под водство на Тудор. Тимот претходно забележа четири порази по ред, вклучувајќи ги и поразите против Арсенал и Атлетико Мадрид. Хрватот разговараше со Дејвисон од „Скај Спортс“ по натпреварот впуштајќи се во жесток „судир“. „Дали покажавте дека можете ...