Лишување од слобода на дури 5.811 лица и пресретнување на неверојатни 293 милиони американски долари е епилогот од масовната меѓународна полициска акција во која активно учествуваше и македонското МВР. Конфликтот со транснационалните организирани криминални групи се одвиваше на дигитален терен, каде сторителите со месеци ја злоупотребувале довербата на граѓаните преку социјален инженеринг, сексуални уцени, лажни инвестиции и романтични измами ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција Фрстлајт 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15 јануари до 30 април 2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел – откривање и сузбивање измами со ...

