Граѓаните и компаниите ќе плаќаат пониски банкарски провизии, откако дел од најголемите банки официјално објавија дека ги намалуваат трошоците за трансакции. Оваа промена доаѓа по укажувањата на Народната банка дека високите надоместоци претставуваат товар и за домаќинствата и за стопанството, особено во услови на инфлациски притисоци и намалена потрошувачка моќ. Што ќе значи ова за граѓаните? Со намалувањето на провизиите, секојдневните трошоци ...

Намалувањето на надоместоците за плаќања преку интербанкарскиот платен систем (МИПС) кое стапи на сила неодамна, веќе предизвикува реакции кај деловната заедница и граѓаните. Со оваа промена, компаниите што секојдневно извршуваат голем број трансакции ќе добијат директно олеснување на трошоците. „За фирмите тоа значи реално поевтинување на работењето – секоја заштеда на банкарски провизии се претвора во дополнителен простор за инвестиции или ...