Вчера во Одделението за внатрешни работи Берово било пријавено дека маж со тешки телесни повреди бил донесен во Итната медицинска помош во Берово. Според пријавата, станува збор за 50-годишниот Д.К. од селото Владимирово, кој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи поврзани со дотур на дрвни сортименти за правно лице, на локација позната како „Долни Шабан“ во Берово. По пријавата, на местото на настанот извршен е увид од страна на ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци. Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на оштетениот и започнале да му се закануваат поради претходна ...