Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу ...
До 12:30 часот има вкупно 10 активни пожари, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во продолжение нивната објава на Фејсбук: Вкупно пожари на отворен простор: 10 • Активни: 9 • Локализиран: 1 • Под контрола: / ⸻ АКТИВНИ (9): 1. Опш. Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума) 2. Опш. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки) 3. Опш. Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал) 4. Опш. ...
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека до 8 часот на територијата на Македонија се евидентирани седум активни пожари. Препорачано Пожарот во Чучер Сандево и натаму е активен, а од утрово се дејствува на него од воздух, согласно најавите на ЦУК и на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што објавија од ЦУК, активни се пожари во село Бешиште, во Црешнево и Слатин, се уште гори под Солунска Глава, пожарот меѓу скопските села Блаце ...
Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар). Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село ...