Пред неколку дена, градоначалникот на Општина Центар се пофали дека зад Т.Ц. „Буњаковец“ расчистиле дива депонија и на тоа место прави паркинг за 40 возила. Сепак денеска, од Шанса за Центар му сугерираа дека новиот паркинг зад ТЦ „Буњаковец“ можеше да биде „зелен“, а не да биде уште еден топлотен остров каде температурите може да достигнат и на 60 степени Целзиусови. Оваа сугестија ја подрржаа и со фотографии и го потсетија градоначалникот ...
Наместо паркинзи со асфалт, може да се направат „зелени“, како оние во Капиштец кои ја впиваат водата од поројни дождови и на нив растат тревки. Ова го предлагаат од „Шанса за Центар“, коментирајќи за новиот паркинг кој се прави зад Трговскиот центар „Буњаковец“. – Супер е што Општина Центар од руиниран простор создава паркинг за граѓаните. Проблем е што само со асфалтирање на просторот создава топлотен остров и површина која не пропушта вода. ...