Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“ Голема вера видовме во тебе при страдањата твои, о Јулијане, но величината твоја во ...

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше ...

Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место ...